29 Март, 2024
0.0269

Тимоние: Во помирувањето треба да се разграничи кои биле терористи на 27 април, а кои не

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber


Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција во Скопје, во интервју за „Нова Македонија“ по повод 100 години од завршувањето на Првата сметска војна вели дека треба да се ревидира кој бил „терорист“ во собраниските насилства на ланскиот 27 април, а кој не во контекст на процесот на помирување на политичките сили во земјата.

- Овие настани имале многу различни нивоа на одговорност и треба да се направи точна проценка, што може да потрае одредено време. Не можеме да ги ставиме на истото ниво, со добра причина, демонстрантите кои влегле во парламентот, со откриени лица и без насилнички намери, за разлика од маскираните и насилни луѓе, хулигани или дури и можни убијци. Не можеме да ги мешаме познатите личности кои имале барем храброст кога ги правеле своите постапки,кои ја презеле врз себе неоспорната одговорност, и заговорниците, кои можеа да ја воведат земјата во граѓанска војна, или кон сериозни внатрешни нарушувања. Ние не можеме сите да ги етикетираме како “терористи”. Оттука, кога се работи за доброто на земјата, тоа е она што ќе помогне во донесувањето на одлуките, да се пронајде онаа тешка рамнотежа меѓу човечкото разбирање и неопходното одржување на минималните стандарди без кои владеењето на правото е невозможно да се изгради. Не смееме да заборавиме дека одредени договори може да бидат извор за големи забуни кај луѓето во свет каде што реперите и вредностите стануваат неразбирливи. Неприфатливо е одредени лица, кои можеби биле организатори на тие насилства, да избегнат казна за своите дела, дури и за возврат на точно определени услуги - вели Тимоние.

Додава дека мора да се намалат тензиите на политичката сцена во Македонија и тоа е едно од непишаните правила за прогрес во Европа.

- Слогата меѓу граѓаните е минимален услов за напредок кон Европа. Помирувањето со своите соседи, пронаоѓањето на патот за искрена соработка меѓу заедниците, да се врати братството меѓу граѓаните и да се стави крај на скриената граѓанска војна помеѓу”приврзаниците” и “предавниците” е оној неопходен патоказ. Значи, треба да се престане со говорот на омраза: не, противникот не е во принцип “анти-западно” настроен, бидејќи е поврзан со одреден број на вредности кои одговараат на неговиот идентитет. Не, не сака да го “продаде името”, тој што смета дека дури и болните компромиси се неопходни за да се обезбеди влез на земјата во алијанса или унија! Исто така, важно е политичарите да се откажат од говорот на омраза или исклучувања и да бидат за пример. Но, тоа е став кој треба да се промени - додава дипломатот.




Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор