19 Декември, 2025
0.1565

Тимотеј за ставот на БПЦ: Тоа е уште една глупост бугарска

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2022 10:19

Добивај вести на Viber

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во интервју за Глас на Америка, за ставот на Бугарската црква, според која тие биле единствени наследници на Охридската архиепископија?, кратко рече дека е „уште една бугарска глупост“

Повод за интервјуто што го даде Тимотеј е одлуката на Вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија како канонска.

- Тоа е уште една глупост бугарска, ништо повеќе, искоментира кусо владиката.

Тимотеј брифираше дека преговорите продолжуваат со СПЦ за автокефалност на МПЦ.

- Според договор на сите православни цркви кои учествувале во Шембези близу Женева, каде Цариградската патријаршија има свој културен центар со учество на делегации на сите православни цркви е изграден став како може да се дојде до томос, односно до признавање на една автокефална црква и со тој договор треба најпрво да се согласи црквата од каде се излегува. Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа, објасни митрополитот.

Тој додава дека во моментов отежителна околност е тоа што има голем судир помеѓу Москва и Цариград. 

- Како што веќе има изјави од Москва и за ова решение на Цариград, дека тие тоа не го признаваат, а ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак тоа е најголема правослвна земја и најголем православен народ, изјави Тимотеј и додава дека Москва си ги штити интересите поради Украина.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот