ТИНЕЈЏЕРКА СО ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКА ПРИМЕНА НА ИНФЕКТИВНА: Дали во Македонија ќе следи српското сценарио- и најмладите со тешка форма на Ковид-19
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2021 11:15
На Клиниката за
инфективни болести во Скопје е примено на болничко лекување девојче од тетовско
кое има 16 години. Директорката, д-р Милена Стевановиќ во изјава за ТВ Сител
посочува дека немаат сознанија дека девојчето има некаково хронично заболување.
-Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, вели д-р Стевановиќ.
Инаку, завчера на Инфективната клиника почина 17-годишно девојче од селото Сопотница, за кое од клиниката информираа дека имала повеќе коморбидитети и била примена во многу тешка состојба. По овој случај, Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана, бидејќи пред да биде донесена на Инфективната клиника на 19 октомври, повеќе од една недела претходно била лекувана од страна на матичниот лекар во Демир Хисар, па потоа во болницата во Битола.
Во последните недели и во Македонија има информации за млади кои се примаат во болниците со тешка клиничка слика. Епидемиолозите веќе подолг период алармираат дека вирусот сега се повеќе ќе ги напаѓа децата и младите кои не се вакцинирани, зошто таму има најголем простор да се шири. Тоа го потврдуваат и лекарите во Србија, кои повеќе од еден месец се борат за животите на најмладите. Во детската болница во Белград, месец дена на респираторен апарат се поврзани три деца, 6-месечното бебе, 16-годишното девојче и 17-годишното момче немаат коморбидитети, а последнава недела на апарат за дишење е поврзано седумгодишно девојче кое има нефролошко заболување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




