05 Декември, 2025
0.1109

Тинекс во игра за гигантот Славија?!?

Објавено во: Економија 20 Декември, 2012 08:20

Добивај вести на Viber

На Македонската берза вчера се одржа јавна берзанска аукција за продажба на акциите на Славија, но не се склучи ниту една трансакција. Тргувањето продолжува денеска и утре, кога се очекува да бидат продадени  4.285 обични акции на компанијата, во пакет по принципот се или ништо, со вкупна почетна вредност од 7,35 милиони евра. Фактор дознава дека еден од најсериозните кандидати за купување на Славија е скопски „Тинекс“. Од таму не потврдија, но ниту ја демантираа веста. Соња Јованова Наумовска И додека се чека да се види кој ќе биде новиот сопственик на некогашниот трговски гигант, во јавноста почнаа шпекулации за наводната заинтересираност на големи домашни трговски синџири за купување на Славија. Во игра, неофицијално е и Тинекс маркети, компанијата која во моментот е и најголемиот закупец на деловниот простор на Славија, која плаќа годишна закупнина од 175 илјади евра. Директорката на Тинекс Кристина Тодоровиќ Николиќ, за Фактор ниту ја демантираше ниту ја потврди ваквата информација. „Знам дека се вртат многу шпекулации околу тоа дали Тинекс ја купува Славија, сепак тоа е деловна тајна и не можам да давам понатамошни информации“, вели Николиќ. Стечајната постапка на Славија е отворена уште во 1996 година, а дури пред две години имотот на компанијата се префрли на име на Агенцијата  за управување со одземен имот. Агенцијата сега поседува 4.285 обични акции, што е 98% од вкупната главнина на компанијата, додека останатите 2%  ги поседуваат три физички лица кои заеднички имаат 88 акции. Славија со капацитет за развој но и со многу долгови! Славија располага со деловен простор со вкупна површина од 31 илјади метри квадратни, а само лани компанијата остварила 1,2 милиони евра приходи од наем. Всушност и во последните две децении,  најголем дел од приходите или над 99 отсто, Славија го остварувала од наеми, а во последните три години компанијата бележи постојан пораст во приходите остварени од издавање на деловен простор. Очекувањата се дека и во иднина приходите од продажба просечно ќе растат со стапка од 2,5 отсто до 3 отсто годишно, со благо опаѓање на  трошоците за работење, се вели во Проспектот за продажба на Славија.  Вредноста на вкупниот недвижен имот на Славија изнесува 26 милиони евра. Но, дури и да се најде купувач за Славија, прашањето е може ли лесно новиот инвеститор да ги подмири обврските од 14 милиони евра признаени во стечајот? Потенцијалниот купувач на „Славија“ ќе има право да располага со целиот имот, но ќе мора да ги плати долговите на фирмата и да ги исплати заостанатите плати на 38 вработени. Според инвестициското портфолио на фирмата, најголем е долгот кон поранешните вработени во вредност од 3,6 милиони евра. Речиси 2,6 милиони евра изнесува долгот кон добавувачи а 1,4 милиони евра е долгот кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Останатото се неподмирени обврски по однос на судски спорови и тековни обврски. Вработените во Славија летово протестираа пред Владата барајќи исплата на заостанатите плати, заканувајќи се дека од маркетите на Тинекс насилно ќе земаат стока во вредност колку што им е долгот. Новиот сопственик, кој треба да биде познат деновиве,  ќе ги наследи договорите што Славија ги има за закуп на простории од имотот затоа што тие договори се со клаузула и не можат да бидат раскинати. Најголеми корисници на деловен простор, според остварени годишни приходи од закупнини во 2010 и 2011 година се Тинекс Маркети, АВТ Интернационал,Тедико Супер, Кам Доел, Телесмарт Телеком, Харт Пром и Кимби.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“