ТИТАН УСЈЕ одбележа 70 години од своето основање – седум децении раст, иновации и одржлив развој
Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2025 18:06
ТИТАН УСЈЕ годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во 1955 година. Од своето основање, компанијата растеше паралелно со развојот на земјата, поддржувајќи изградба на домови, училишта, болници, патишта, мостови и друга суштинска инфраструктура која го обликува современото општество.
Во текот на децениите, ТИТАН УСЈЕ инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модернизација и технолошки напредок. Овие инвестиции значајно ја подобрија безбедноста, оперативната ефикасност, продуктивноста и перформансите во доменот на заштитата на животната средина. Денес, ТИТАН УСЈЕ се истакнува како современа компанија со напредни дигитални технологии и автоматизација на производството.
Во 1998 година УСЈЕ стана дел од Групацијата ТИТАН, со што се забрза развојот на компанијата преку размена на глобално знаење, најдобри практики и корпоративни вредности, како и пристап до напредни технологии и меѓународни стандарди. Тоа ја зајакна иновативната способност на компанијата, ја зголеми конкурентноста и го потврди нејзиниот статус на лидер во индустријата, усогласен со глобалните трендови и потребите на пазарот.
„ТИТАН УСЈЕ е тоа што е денес, благодарение на нашите вработени – повеќе од 3.000 вработени кои низ годините ја обликуваа компанијата преку својот труд, знаење и вредности кои постојано нѐ движат напред. Нашата грижа за заедницата е дел од нас, ние сме одговорен и доверлив партнер кој создава можности, поддржува и поттикнува развој. Со поглед кон иднината, ќе продолжиме да инвестираме во иновации, нови технологии и современи решенија, обезбедувајќи ТИТАН УСЈЕ да остане водечка компанија и сигурен партнер во развојот на земјата“, рече главниот извршен директор, Константинос Николау, обраќајќи им се на сите партнери, вработени, пријатели и гости на јубилејната прослава.

Во своето обраќање, Јанис Паниарас, извршен директор за Европа во Групацијата ТИТАН, истакна: „Во изминатите седум децении, УСЈЕ претставува важен столб во економскиот и општествениот развој на земјата, обезбедувајќи материјали за изградба на клучна инфраструктура и поддржувајќи го вработувањето, локалните заедници и националната економија. ТИТАН со гордост го има ТИТАН УСЈЕ како дел од нашето глобално семејство уште од 1998 година. Денес, компанијата е посилна од било кога, комбинирајќи огромно индустриско знаење со најсовремени технологии и силен тим на посветени вработени, изведувачи и деловни партнери. Гледајќи кон иднината, остануваме цврсто посветени на одржлив развој. Нашиот континуиран фокус на иновации и инвестиции во луѓето и во развојот на компанијата ќе обезбеди ТИТАН УСЈЕ и понатаму да остане лидер во индустријата за градежни материјали и двигател на напредокот во децениите што следуваат“, истакна г. Паниарас.

Преку инвестициите во вештачката интелигенција и брзата трансформација ТИТАН УСЈЕ ги поставува темелите за идниот одржлив развој на компанијата и за планови за дополнителни инвестиции во иновативни и „зелени“ технологии во вредност од 50 милиони евра до 2030 година. Во фокус и понатаму ќе бидат дигитализацијата, машинското учење, вештачката интелигенција и понатамошното намалување на јаглеродниот отпечаток.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





