05 Декември, 2025
0.0308

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација – поттикнува поголема соработка во заедницата

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2025 17:16

Добивај вести на Viber

Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот  го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.

Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и знаења од областа на управувањето со отпад, кружната економија и декарбонизацијата, ќе ги споделат претставниците на ТИТАН Усје. На едукативните работилници ќе бидат опфатени професионалци и вработени од индустриските и производните сектори, односно во секторот за управување со отпад, вработени во помали производствени компании, вработени во поголеми компании поврзани со градежништвото, како и нововработени во ТИТАН УСЈЕ. Обуки се организираат и за студенти и невработени лица, за државни и локални инспектори за животна средина, како и за професионалци и вработени во јавни комунални претпријатија. Во информативно едукативниот процес ќе бидат опфатени околу 200 лица, а обуките ќе се одржат во период од 14 ноември до 2 декември годинава.

ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и примена на принципите на кружната економија. На почетокот на проектот пред присутните се обрати техничкиот директор на ТИТАН Усје Гоце Цветкоски.

„Имплементирање и унапредување на најдобрите практики во оваа област е наш врвен приоритет и ние активно работиме на унапредување на системот и зајакнување на ефикасноста. Ни претставува огромно задоволство што имаме можност да го споделиме нашето искуство и знаење за применетите практики со нашите партнери. Како пионери во оваа област имаме и одговорност и обврска да поттикнеме што поголема примена на најдобрите практики во овие области, бидејќи само така можеме да имаме подобри резултати во пошироката заедница. Особено ни е драго што ќе имаме можност да ги  споделиме нашите искуства со студентите, со идеја да ги поттикнеме младите да бидат активни учесници во процесите на зелена транзиција“, нагласи Цветкоски.

ТИТАН Усје е компанијата која е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂. Годинава компанијатаја доби и највисоката потврда за одржлив систем за унапредување со отпад - Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници