ПОВЕЌЕ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - граѓанските заштеди „пробија“ над „петката“, во банките се враќаат и денарските депозити
Објавено во: Финансии 22 Јули, 2022 07:20
Дури пет милијарди евра. Толку во моментов штедат граѓаните во домашните банки.
Најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија говорат дека депозитите на домаќинствата ја пробија границата од пет милијарди евра.
Или, попрецизно, на крајот на јуни годинава вкупните заштеди на домаќинствата биле на ниво од 5,002 милијарди евра, додека, пак, само еден месец претходно тие изнесувале 4,951 милијари евра.
Односно, за еден месец или во јуни регистрирано е зголемување на депозитите на граѓаните за вкупна сума од 51,4 милиони евра.
Ова секако е позитивен момент во услови на голема економска криза во светот и земјава, предизвикана од високата инфлација и војната во Украина.
Во јуни има уште една причина за своевидно благо опуштање, а тоа е што денарските депозити на граѓаните повторно се вратиле во нагорна линија, иако нивното јунско зголемување е скромно и изнесува 7,3 милиони евра.
Но, ако се има предвид дека во претходниот месец, односно мај, беше регистрирано исто толкаво повлекување на денарските депозити, односно за 7,3 милиони евра, излегува како во јуни граѓаните да ги вратиле истите тие денари во банките.
Конкретно, на крајот на јуни годинава, денарските депозити на граѓаните биле на ниво од 2,33 милијартди евра, наспроти 3,32 милијарди евра еден месец претходно.
Овој раст на денарските штедни влогови сигурно се должи и на фактот што Народна банка на Македонија во повеќе наврати ја зголеми основната камата, со тоа што последното покачување се случи некаде на средината на јули и изнесуваше цели 0,5 процентни поени, доведувајќи ја основната камата до ниво од дури 2,5 отсто.
Покрај ова, на почетокот на овој месец централната банка презеде и серија други мерки со цел да го стимулира денарското штедење, меѓу кои беше и одлуката за намалување на задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 отсто - на 5 проценти, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5 отсто, на 18 проценти.
Сето ова придонесе македонските банки да почнат да ги зголемуваат каматните стапки на денарското штедење, кои претходно беа на многу ниско ниво. Па така, за орочени денарски депозити каматните стапки кај некои банки веќе се искачија и до два проценти, а познато е колку претходно беа демотивирачки за граѓаните. Во тек се и серија банкарски кампањи за орочени денарски депозити на подолг период, и тоа со зголемена и фиксна каматна стапка.
Инаку, растат и депозитите
во странска валута, главно во евра, и тоа многу повеќе во споредба со
денарските штедни влогови. Односно, во јуни нивниот раст од 44 милиони евра
всушност го направи „лавовскиот“ дел од порастот на граѓанските заштеди од
вкупно 51 милиони евра.
На крајот на јуни влоговите во странска валута биле на ниво од 2,676 милијарди евра, што значи дека во банките повеќе имаме заштеди во евра отколку во домашна валута, а целта на НБМ е да се оди кон поголема денаризација на штедењето.
Инаку, НБМ соопшти дека депозитниот потенцијал на банките бележи раст.
„Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4 отсто во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8 отсто зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1 отсто на месечна основа, односно 5,2 проценти на годишна основа“, се вели во соопштението од централната банка.
Битно е да се спомене и дека вкупните депозити во банките, односно оние на граѓаните заедно со оние и на фирмите, на крајот на шестиот месец од годинава достигнаа 7,4 милијарди евра, или имаат раст од 33 милиони евра за еден месец.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





