Тодоров не ги гледа, ќе ги види ли Груевски? Лекарите утре пред Влада!
Објавено во: Економија 07 Декември, 2012 17:13
Утре напладне лекарите-специјалисти од пред клиника и вратите на Министерот за здравство никола тодоров, се селат на протести пред Владата. Велат на ваков потег се решиле бидејќи и по 24 дена штрајк нема напредок во односите со Министерството за здравство околу нивните барања за корекција на платите и промена на моделот за плаќање по учинок.
„24 ден од штрајкот и тука сме речиси еден месец невидливи. Протестниот митинг ќе почне од фонтаната во Градскиот парк, по Илинденска и пред Владата ќе бидеме во 12 часот и 5 минути“, соопшти денеска Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на клиничките центри. Тој објасни дека и на овој протест, покрај лекарите од скопските клиники, ќе присуствуваат и лекарите од другите болници во земјава, а ги повика да дојдат и сите граѓани кои чувствуваат дека треба да дадат поддршка на лекарите. Инаку и денеска тие излегоа на вообишаениот протест пред Министерството за здравство, за време на паузата. На нив денеска име се придруши и Хелсиншкиот комитет за човекови права одкаде до повикаа министерот Тодоров, да престане со притисоците за задушување на штрајкот. „Најостро го осудувам она што се случува. Постапувањето на министерот го сметам за тотално нелегитимно, иако сите мерки кои се преземаат се затскриени зад таканаречени законски решенија. Од тие причини, сметам дека сето ова што се случува претставува уште еден напор на државата да ја спречи слободата на изразување, што претставува феномен во последните месеци во Македонија. Најостро реагирам и го повикувам министерот итно да преземе мерки законски да ги реши состојбите во здравствената заштита“, истакна денеска извршниот директор на Хелсиншки, Уранија Пировска.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија





