Тодоров предупредува, симпатизерите скандираат: ДИК да носи законски одлуки
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 21:49
Никола Тодоров, одржа кратка прес конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ од каде посочи дека ДИК ќе мора да работи законски и да ја промени неосновата одлука по приговорот на СДСМ за граѓанка на која наводно и било ускратено гласачкото право, а всушност било утврдено дека сакала два пати да гласа.
„ДИК донесе скандалозна одлука за графолошка анализа на потпис за ускратено правото на глас на граѓанка, што е сосема спротивно на записникот од општинската изборна комисија и потоа утврдено од државната, каде е утврдено дека всушност имало обид два пати да се гласа. Предупредуваме дека ДИК мора да работи законски и оваа одлука да се преиначи“ изјави Тодоров.
Државната изборна комисија претходно повика графолог од Министерството за внатрешни работи да го вештачи потписот на Фатиме Сулејмани од Гостивар, која тврди дека во нејзино име гласал некој друг во неделата.
Таа и членовите на Општинската изборна комисија во Гостивар од спорното избирачко место, тврдат дека таа дошла да гласа, било утврдено дека на нејзиното место во избирачкиот список веќе имало потпис. За да утврдат дали нејзиниот потпис се совпаѓа со тој во избирачкиот список и во нејзината лична карта, на жената во ДИК и кажаа да се потпише на бел лист хартија. Дури се споменуваше дека може жената да се упати на полиграф за да се утврди дали ја кажува вистината.
Крајниот рок на ДИК за одлучување за приговорите истекува на полноќ, надвор се собрани симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои скандираат „лопови, лопови“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




