Тодоров прогледа, имало штрајк, сега ќе применува законски мерки против лекарите
Објавено во: Економија 30 Ноември, 2012 19:33
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат и да не дозволат, како што рече тој, најтешко болните луѓе да бидат инструмент за остварување на нечиј политички, материјален или каков било друг бенефит.
Уште еднаш потенцираше и дека системот за плаќање по успешност е реформа која треба да овозможи поставување целосно десубјективизиран систем на награди и казни, кој силно ќе ги стимулира работниците, но исто така и силно ќе го дестимулира неизвршувањето на работните обврски.
Исто така негираше дека договорил намалување на платите на медицинските сестри на сметка на платите на докторите со Гранковиот синдикат, за што вели дека било манипулација на дел од лекарите. Сепак откако неколку седмици лекарите беа невидливи за ресорниот министер барање за средба денеска тие упарија и до Премиерот, Никола Груевски. Му доставија и модели за плаќање по успешност, за објективно вреднување на нивниот труд. Исти вакви барања, вчера беа упатени и до Претседателот Ѓорче Иванов, како и до собранискиот спикер Трајко Велјановски. Во меѓувреме се спремаат за утрешниот „Бел марш“ и најавуваат дека расте поддршката од лекарите од внатрешноста, писма за поддршка добиле од 10-тина невладини организации, како и од дипломатите.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





