18 Декември, 2025
0.0536

Тодоров во посета на жариштето на епидемијата на туларемија во Каратманово

Објавено во: Мои пари 20 Март, 2015 17:19

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Никола Тодоров заедно со епидемиолози, претставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје Велес надлежен за оваа територија. Институтот за јавно здравје, денеска го посети село Каратманово, општина Лозово, каде е прогласена епидемија на туларемија на локално ниво.

- Беше извршена дератизација, хлорирање на водата, забрана за користење на водата, обезбедена е цистерна што ќе доаѓа да ги снабдува луѓето во селото со вода. Ова со водата го правиме превентивно оти знаеме дека причина за епидемијата не е во изворот на вода, но превентивно за причината за епидемијата да не стане водата. Тогаш нема да има вакви бројки како сега, двајца тројца заболени, туку ќе имаме 30, 40, 50 и поголеми бројки. За тоа да се анулира како несакана состојба се прави оваа превентивна мерка, изјави Тодоров.

Посочи дека им се дадени совети на луѓето како да се однесуваат, неопходно е што побрзо да се исчистат дворовите и улиците од ѓубре, да се води сметка за личната хигиена.

- Договоривме со директорот на ЈП за комунална дејност, наместо два пати во денот да доаѓаат секој ден во наредната недела и заедно со луѓето од ова населено место да помогнат во чистење оти бактеријата најмногу се пренесува преку глодарите кои што наоѓаат храна од остатоците кои што ги има во дворовите или храната што ја чуваат во домаќинствата. Треба да се води сметка и за личната хигиена, водејќи сметка дека ова заболување не се пренесува од човек на човек, туку преку животно, потенцира Тодоров.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?