Тодоров: Здравството не е идеално, ама се развива и инвестира
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016
Имаме здравствен систем во кој постојано се инвестира и се развива целиот систем на јавното здравство. Кога граѓаните зборуваат за јавното здравство треба да гледаат со оптимизам за она што е направено од минатото до денес“, изјави на панел дискусијата министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој во обраќањето направи паралела на здравствениот сектор во минатото.
Дали имаше едукација на докторите во странство? До денес имаме вкупно 2.500 лекари кои отишле на обукаво странство. Дали се реновираше клиниката во козле? Дали се реновираше детската клиника? Дали имаше ангео сали во Mакедонија? Секако одговорот на сите овие прашања е не. Ако се вратиме во 2005 година ќе видиме дека се чекало од шест до осум месеци за преглед на интервентна кардиологија, сега тоа ни од далеку не е така и го нема. Се сеќавам кога пред седум и осум години се чекаше и до една година за преглед на зрачна тарапија, а денеска чекањето на истата оваа услуга е само три дена, потенцираше Тодоров.
Тој на крај констатираше дека здравството не е иделано но сепак било развиено и им порача на граѓаните да гледаат низ призма како било во минатото и какво е сега.