21 Мај, 2024
0.0286

ТОЈ Е БЕЗГЛАСНА БУКВА: Апасиев и Крмов од Левица нема да го слушаат Пендаровски во Собрание

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Двајцата пратеници на политичката партија Левица во Собранието, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, нема да учествуваат на парламентарната 56-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

„Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кои ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“. Сметаме дека човекот кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам, којшто го негира постоењето на македонската нација и на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите пратеници и на пошироката јавност, извести Апасиев.
Додава дека Пендаровски е познат по својот некреативен дрвен евро-атлантски новоговор и апологет на, како што вели, сервилниот и невизионерски НАТО фундаментализам.
„Никогаш не бил и нема да биде вистински и обединувачки „Татко на нацијата“. Како приврзок на поразената политичка философија и практика на заевизмот, како највисок стадиум на интернационалното вазалство и националното понижување на Македонците, неговото заминување од политичката сцена ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари, пишува Апасиев.


Можеби ќе ве интересира

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра