06 Октомври, 2024
0.0289

Томе Атанасов, „Југоекспорт стил“: 2014 ќе биде економски подобра година!

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Томе Атанасов, сопственик на „Југоекспорт стил“, за Фактор вели дека годинава треба да продолжи борбата со сивата економија и да се намалува нелојалната конкуренција, бидејќи токму тоа на подолг рок ќе донесе позитивни ефекти за целото стопанство. Фактор: Како ја оценувате 2013 година на економски план? Атанасов: Кога ќе се навратам една година наназад и ќе се потсетам на периодот кога ја напуштавме 2012 година и влегувавме во новата 2013, морам да признаам дека малку кој очекуваше позитивна година на економски план. Но во годината што измина, ме радува фактот дека земјите од Европската Унија и Америка полека почнаа да ги стабилизираат своите економии и да излегуваат од повеќе годишната економска криза. Нивното закрепнување е многу важно и за нашата земја, посебно земјите од Европската Унија, бидејќи нивното закрепнување ќе донесе и позитивни ефекти и за македонската економија. Што се однесува за сегментот во кој работи мојата фирма, неможам да кажам дека имаше голема разлика од претходната година. За Југоекспорт Стил годината што измина можам да кажам дека беше за нешто подобра од претходната година. Само со многу работа, напор и труд, со поголемо инвестирање во маркетинг, со поголема креативност и секако со постојано нудење на продукти по атрактивни цени, можеше да се задржи продажбата и евентуално да се оствари мало зголемување. Фактор: Какви се вашите прогнози за бизнис условите за 2014 година ? Атанасов: Во 2014 година очекувам да продолжи трендот на заздравување на економиите на земјите во Европската Унија и Америка. Сеуште, не можам да кажам дека очекувам драматичен раст на економиите како пред големата криза, но сепак сум оптимист дека полека Европа ќе се врати на вистински колосек. Што се однесува до Македонија, знаејќи го фактот дека наши најголеми трговски партнери се токму земјите од Европа, очекувам условите во Европа да имаат и позитивен ефект на нашата економија. Се надевам да продолжи трендот на раст на извозот, очекувам нови странски инвестиции, и секако очекувам постепено да се намалува невработеноста. Со еден збор, се надевам на подобра 2014 година. Во сегментот во кој работи мојата фирма, се надевам дека изградбата на нови индустриски објекти, без разлика дали се од домашни или странски инвеститори, изградбата на нови станови, да има позитивен ефект на нашиот бизнис сегмент. Би сакал да продолжи борбата со сивата економија, да се намалува нелојалната конкуренција, затоа што на подолг рок тоа носи позитивни ефекти за целото опшество. Посакувам успешно да ги надминете сите предизвици кои ќе ги донесе оваа година, и се надевам дека за сите нас 2014 година ќе биде поуспешна од претходната. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта