05 Декември, 2025
0.0361

Томе Неновски: За да живне економијата, банкарите треба да ја напуштат конзервативната политика!

Објавено во: Финансии 04 Март, 2013 08:54

Добивај вести на Viber

Ниските камати за записи што ги нудат Владата и Народната Банка не ги одвратија банкарите парите да ги вложуваат во хартии од вредност, наместо да ги пуштат во оптек за кредити. Тоа е една од причините што економијата не може позначително да се покрене, вели за Фактор, универзитетскиот професор Томе Неновски. Посочува дека ризиците по економијата сеуште се присутни.    ФАКТОР: Колку треба да изнесува  стапката на економски раст  за да се рефлектира во реалниот сектор и кај стандардот на граѓаните? НЕНОВСКИ: Во “нормални“ услови на стопанисување, односно во услови без криза, објективно можната и потребна стапка на економски растеж на македонската економија би требало да се движи околу 6% до 7% годишно. Само со вакви стапки на раст може да се влијае врз намалување на заостанувањето на економијата на Македонија во однос на таа на Европската Унија. Во исто време, со оваа динамика на раст ќе се обезбеди  зголемување на капиталната и вкупната финансиска сила на компаниите а тоа ќе значи и  постепено подобрување на животниот стандард на населението. ФАКТОР: Македонскиот БДП изнесува околу 35 отсто од просекот во Европската унија. Како до повисок БДП? Преку подршка на јавната потрошувачка, домашни или странски инвестиции? НЕНОВСКИ: Со дејство на сите три фактори со тоа што, во стабилни услови на стопанисување јавната потрошувачка треба постепено да го отстапува местото на инвестициите, тука мислам и на  домашните и странските инвестиции. Секогаш кога тоа е можно, приоритет треба да се дава на домашните инвестиции  поради продуктивно ангажирање на домашните расположливи извори на средства. МАЛ ИЗВОЗ, СЛАБА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА ФАКТОР: Каде ги лоцирате клучните проблеми кои го кочат растот, доколку се исклучат надворешните шокови како европската и светската должничка криза? НЕНОВСКИ: Има повеќе причини. Според мене најпрво тоа е недоволна диверзификација и малата понуда на домашни стоки и услуги, потоа недоволен извоз на производи со  поголема домашна додадена вредност, не треба да се исклучи и инфраструктурна дефицираност,  особено во делот на енергетски објекти. Како проблем сега се наметнува и недоволно или несоодветно едуциран кадар што би одговорил на потребите и на барањата на инвеститорите и на пазарот на труд во целна. Во исто време, мора да се потенцира и сеуште високата “сива“ економија. ФАКТОР: Лани беше измерена една од најниските стапки на кредитен раст од 5,4 отсто? Како се објаснува оваа стапка во состојба кога НБМ во неколку наврати направи потези за олабавување на монетраната политика? НЕНОВСКИ: Најпрво  причината ја лоцирам кај банките односно конзервативноста на банките, што се манифестира преку нивна изразита аверзија спрема ризикот. Од друга страна сметам дека има недоволен обем на понудени квалитетни проекти на кредитобарателите. Една од причините е и праксата, поголем дел од ликвидниот потенцијал банките да го лоцираат во релативно нископриходни, но многу сигурни пласмани во државни записи и благајнички записи на НБРМ. Секако , тука е и неизвесноста во поглед на идните текови, динамика, манифестација и влијание на Светската економска криза врз работењето на домашните компании... БАНКИТЕ СЕ ПРЕМНОГУ КОНЗЕРВАТИВНИ ФАКТОР: Во првиот месец од годинава Народната банка регистрираше намалување на депозитите на фирмите за речиси 15 милиони евра во однос на декември. На ниво на вкупните депозити намалувањето е 2 милиони евра? Трендот на топење на депозити продолжи и во состојба кога на приватниот сектор му се овозможи пристап до поволни кредити преку европската банка ? НЕНОВСКИ: Намалувањето на депозитите на претпријатијата за 15 милиони евра е незначителен ако се спореди со височината на вкупните депозити на претпријатијата кои изнесуваа околу 950 милиони евра. Одливот веројатно се појавил кај фирми кои имале пристигнати обврски, извршиле неопходни набавки за трковните работни потреби или за плаќање други пристигнати тековни обврски (ДДВ, плати, придонеси и сл.). Тие, веројатно, оцениле дека е поисплатливо своите обврски да ги платат со свои расположливи средства, отколку да бараат кредит за чие одобрување би чекале определен временски период и на кој кредит би плаќале камата. Останува впечатокот дека фирмите недоволно ги користат расположливите средства од ЕИБ преку МБПР, што, повторно, можеби е резултат на недоволен број или на недоволно квалитетно подготвени проекти за добивање такви кредити. ФАКТОР: Кои ќе бидат клучните ризици според вас што годинава ќе го ограничуваат кредитирањето ? НЕНОВСКИ: Тука ќе посочам повеќе фактори. Пред се, идните трендови ќе зависат од натамошната разврска на Светската економска криза, особено нејзиното манифестирање во рамки на ЕУ.  Потоа, влијание ќе има и натаму присутната конзервативност на банките и нивната аверзија спрема ризик од една страна и отсуство на доволно креативни, иновативни и профитабилни проекти, од друга страна. Намалувачката на побарувачката на стоки и услуги на странските пазари што би можело да влијае врз обемот на домашното производство, обемот на извозот, а со тоа и врз обемот на потребни кредитни средства. Евентуално растечката стапка на инфлација во странство што би се прелеала во домашната економија и што би го зголемило каматните стапки...

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“