19 Декември, 2025
0.2080

Тони Дескоски: Добро е што нема да се менуваат учебниците заради Цар Самуил и браќата Кирил и Методиј

Објавено во: Македонија 16 Август, 2022 12:24

Добивај вести на Viber

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски го оцени како позитивен исчекор напред усвојувањето на првата група на заклучоци и препораки на Заедничката историска комисија.

Вчера МНР соопшти дека е договорено Цар Самуил, светите браќа Кирил и методиј, како Св.Климент и Св.Наум да се чествуваат заедно и да се направат реципроцитетни корекции во учебниците по историја што го опфаќаат средниот век и антиката.

Според Дескоски, добро е тоа што нема да се прават измени во македонските учебници за овие оет историски личности.

„Во Документот има две групи на препораки: Првите, за заедничко одбележување на личности. Вторите, препораки за учебниците по историја во двете земји. Текстот е внимателно составен и добро балансиран.

Она што паѓа во очи, е тоа што иако има согласност за заедничко чествување на личности од средновековието, не е направен исчекор и со соодветни препораки за нашиот учебник по Историја за 7 одделение кога тие се изучуваат. (се надевам дека нема суштински разлики)“, заклучува Дескоски на Фејсбук.

И тој се согласува дека заклучоците и препораките, кои треба да ги усвои Владата, не се однесуваат на клучниот период, односно на ХIX и XX век. 

„За тоа ќе треба многу време, кое (за жал) го имаме, имајќи предвид дека откако ќе започнат, преговорите за наше членство во ЕУ ќе траат многу долго (веројатно околу две децении).

И да ни биде на сите на јасно, Историската комисија само ја операционализира премисата за заедничка историја на двете земји. Таа премиса е во Билатералниот договор за добрососедство од 2017 година“, тврди Дескоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот