ТОНИ СТОЈАНОВСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „РИЗИЦИ И ПРОБЛЕМИ СЕКОГАШ ЌЕ ИМА, НО СО ОТВОРЕН ДИЈАЛОГ ТИЕ МОЖАТ ДА СЕ МЕНАЏИРААТ И ДА СЕ ПРЕТВОРАТ ВО МОЖНОСТИ ЗА ЕФЕКТИВНОСТ, ЕФИКАСНОСТ, РАСТ И РАЗВОЈ“
Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2025 10:36
„Би сакал да создадам банка која ќе биде столб на финансискиот систем на Македонија; банка партнер на сите бизниси, банка на која ќе можат да се потпрат сите домаќинства во Македонија; технолошки опремена и дигитализирана банка со примена на сите најнови технологии за добробит на нашите клиенти; банка која со своето постоење ќе има смисла не само за себе, туку и за околината во која функционира“, изјави м-р Тони Стојановски, главен извршен директор и член на УО на „НЛБ банка“ Скопје, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески.
М-р Стојановски потсети дека за да се разбере денешниот банкарски систем, мора да се земат предвид состојбите од минатото – периодот на враќање на довербата на граѓаните во банките по банкарскиот колапс по распадот на поранешна Југославија и времето на големата инфлација, кога бизнисите се бореле за опстанок.
„Стабилноста на цените е јавно добро без кое бизнисите не можат да напредуваат“, истакна Стојановски.
Во таа насока, додаде: „Ако имаме позитивно настроен критички поглед, ќе идентификуваме многу точки каде што сме направиле напредок, што ќе нѐ растовари од некои фрустрации за да видиме што е тоа што треба да го направиме денес.“
Стојановски подвлече дека е неопходно да се почитуваме себеси, да го почитуваме сето она што е постигнато и јасно да се фокусираме на она што ни е потребно денес и во иднина – отвореноста кон нови знаења и вештини. „Светот оди напред“, нагласи тој, „а ние мора да бидеме во чекор со него“. Според него, тоа бара:
-промена на образовниот систем, кој ќе ги следи промените и иновациите;
-континуирана едукација и доживотно учење;
-прифаќање на новините (зелена агенда, циркуларна економија...).
Тој нагласи дека коморите имаат незаменлива улога во овие процеси бидејќи први ги препознаваат промените и ги поттикнуваат компаниите да бидат отворени за таквите промени.

На прашањето дали банките располагаат со индикатори за предвидување ризици и дали можат да ѝ сугерираат на државата за навремено справување со последиците, Стојановски истакна дека редовно се подготвуваат анализи и дека тие се споделуваат со институциите. „Само со отворена комуникација со сите чинители во системот може да се спречат предизвиците бидејќи сите имаме знаење и искуство кое треба да се искористи“, рече м-р Стојановски.
„Ризици и проблеми секогаш ќе има, но со отворен дијалог тие можат да се менаџираат и да се претворат во можности за ефективност, ефикасност, раст и развој“, додаде Стојановски.
Во продолжение на разговорот м-р Стојановски упати и порака до младите: професиите се менуваат, па затоа е најважно младите да научат како да учат, а фокусот да биде на доживотното учење.
Линк до видеото.
https://youtu.be/38SpwqPmOxE?si=5tqgOz94AcsLcpZw
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





