Топ-20: Кои компании ги добија највредните тендери за една година?
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019
Градежното претпријатие „Бауер БГ“ е добитник на најскапиот тендер со вредност од 627 милиони денари по договорот со Министерството за култура за изградба на Драмскиот театар во Скопје, според извештајот за 2017-та кој Бирото за јавни набавки го објави вчера. Во категоријата градежни работи следнорангираните се со многу помали добивки за изградба на реонски центри, санации на студентски дом, објекти и мост, реконструкција на државни патишта, уредување на градежно земјиште итн.
Оваа јавна набавка ја прави компанијата „Бауер БГ“ воедно и една од севкупно најуспешните кога збирно ќе се соберат сите нејзини освоени тендери во годината. Севкупно нивната вредност е 895 милиони денари и претпријатието со тоа се пласира на третото место во компании со најголема заработка од тендери во 2017-та.
„Трансмет“ е добитникот на најголемиот поединечен тендер во категоријата услуги. Станува збор за 437 милиони денари за ископ на јаглен и јаовина во рудникот на РЕК Битола, преку договор склучен со АД ЕЛЕМ, претпријатието преку кое одат сите десет најгоеми набавки за 2017-та во оваа категорија.
На контото на „Марковски Компани“ од Битола, која има своја механизација за ископ, одат дури три од Топ-5 тендерите во оваа категорија. Најмногу поради нив компанијата има вкупен годишен приход од склучени договори за јавни набавки од 895 милиони денари севкупно.
Во категоријата набавка на стоки најголемите поединечни тендери се со помала вредност и тука први се „Елбијор“ за набавка на вакцини за Министерството за здравство во вредност од 251 милиони, „Ки-Ем“ за снабдување на Македонија Пат со битумен со 188 милиони и Енергетската финансиска група АД Софија за електрична енергија за потребите на Македонски железници од 153 милиони денари.
Најгоем број на добиени тендери во годината имаат „Биотек“ со 445 склучени договори, „Макпетрол“ со 367 и „Даути Комерц“ со 291.
Александар Кузмановски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.