17 Декември, 2025
0.0397

„Топлификација“ ќе го тужи „ТЕ-ТО“ за долг од 22 милиони евра

Објавено во: Економија 09 Август, 2013 15:10

Добивај вести на Viber

Менаџментот на „Топлификација“ денеска објави дека ќе ги тужат „ТЕ-ТО“, бидејќи не го плаќаат долгот  врз основа на вложувањето од 22 милиони евра, ниту пак каматите на долгот.

„Топлификација“ како ко-инвеститор во проектот „ТЕ-ТО“ компанијата за производство на топлинска и електрична енергија, вложи 22 милиони евра од кои сопствени средства се 11,5 милиони евра и уште 10,5 милиони евра се кредит од „Комерцијална банка“.

- Дел од заемите преку кои се инвестирани овие 22 милиони евра во „ТЕ-ТО АД“ достасаа за наплата во текот на 2012 година, а сите заеми достасуваат за наплата до крај на 2013 година. Во текот на 2012 година почна обврската за отплата на кредитот во висина од 10,5 милиони евра кој преку заеми „Топлификација АД“ го инвестираше во „ТЕ-ТО“. Топлификација започна и судска постапка за наплата на дел од овој долгот бидејќи „ТЕ-ТО“ за достасаните заеми не ги плаќа фактурираните камати и не ги продолжи договорите за заем. Наплатата на дел од достасаните заеми кои „Топлификација“ ги дала на „ТЕ-ТО“ е неопходна и поради обврската за враќање на кредитот кон Комерцијална Банка во висина од 10,5 милиони инвестиран преку заеми“ - стои во соопштението до јавноста на „Топлификација“ објавено денеска на Македонската берза.

Менаџерите на „Топлификација“ тврдат дека „ТЕ-ТО“ по сите основи должи 205 милиони евра од кои на „Топлификација“ за вложувањето должи 22 милиони евра. „ТЕ-ТО“ во изминативе неколку години направил загуба од 25 милиони евра од кои дури 12 милиони евра се загуба направена во 2012 година. Тогаш „Топлификација“ одлучила да покрене судски спор за наплата на своите вложувања во таа компанија. Дополнително менаџерите од „Топлификација“ објаснуваат дека нивниот долг од „ТЕ-ТО“ го отстапиле на „Комерцијална банка“.

Банките не ги прифаќаа како гаранција за дадените кредити само акциите од „ТЕ-ТО“, туку при последното преструктуирање на кредитите кај најголемиот доверител Комерцијална Банка беа прифатени како додатна гаранција побарувањата кои „Топлификација“ ги има по основ на дадените заеми, пишува во нивното соопштението.

 За менаџерите на „Топлификација“ продажбата на 23 нивни акции во „ТЕ- ТО“ за помалку од 800.000 евра, кои беа обезбедување за кредит кај „НЛБ Тутунска банка“, нема да има влијание на реализација на деловниот план за периодот 2013 година – 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас