Топлификација блокирана за 1, 7 милиони евра, на потег е Хаџимишев!
Објавено во: Економија 26 Ноември, 2012 15:31
Долгот на Топлификација кон Макпетрол изнесува 1, 7 милиони евра, и од утре топлификацискиот систем нема да требува нови количини на мазут и гас, поради што во прашање се доведува целокупното работење. Макпетрол денеска соопшти дека од утре ќе ја прекине испораката на мазут и природен гас кон компанијата „Производство на топлина“ поради неисплатен долг од 105 милиони денари. Производство на топлина” ДООЕЛ – Скопје е фирма ќерка на „Топлификација”, управувана од групацијата кон којашто припаѓа А.Д. „ТЕ-ТО” Скопје.
- За можните последици по снабдувањето на граѓаните и стопанските субјекти со топлинска енергија ,,Макпетрол” АД Скопје нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на Макпетрол АД Скопје, се наведува во соопштението.
За ваквата состојба, Макпетрол ја известил и Владата на Република Македонија, а се очекува во секој момент со став да излезе и Топлификација. Клучното прашање е како менаџментот на Топлификација ќе одговори на овој потег ако се знае дека фирмата веќе подолго време исплажаше и заостанат долг кон централата ТЕ-ТО, што практично ја доведе фирмата до ниво да не ги исплаќа навреме своите обврски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“





