05 Декември, 2025
0.0597

Топлификација: еве ви ги топланите, па кој сака нека ги работи!

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2012 14:11

Добивај вести на Viber

Во соопштение до Берзата Топлификација објаснува зошто ги врати лиценците за работа, наведувајќи ја ликвидноста и влошените состојби на пазарот како клучна причина што фирмата веќе не сака да се бави со овој бизнис. Топлификација наведува дека своите погони ќе ги даде под концесија на било кој заинтересиран субјект, со што се отвора простор други фирми да го преземат бизнисот. Еве го целото соопштение: „Топлификација АД во август 2011 година ја врати лиценцата за производство на топлинска енергија со образложение дека финансиските проблеми генерирани со одлуките на РКЕ во периодот 2006 – 2008 година можат да го загрозат сигурното производство на топлинска енергија во услови на зголемени потреби од обртен капитал. Зголемувањето на цените на горивата во текот на 2010 и 2011 година значително го зголемија потребниот обртен капитал за вршење на дејноста производство на топлинска енергија. За грејната сезона 2011/2012 година износот на потребниот обртен капитал достигна вредност од 25 милиони евра што беше далеку над можностите на Топлификација АД. Поради тоа за таа грејна сезона Топлификација АД користеше заем од АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО во висина од 4 милиони евра по комерцијални услови, камата 9% на годишно ниво и рок на враќање август 2012 година. Овој заем согласно договорените услови беше вратен. Бидејќи вратената лицецна во август 2011 година и после повеќе од една година не беше одземена, Топлификација АД реши повторно да ги врати сите три лицецни поврзани со топлификациониот систем за да овозможи било кој заинтересиран субјект за дејностите: производство на топлинска енергија, дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија да конкурира за било која од трите дејности. Со тоа Топлификација АД отвори можност на најтранспарентен начин да се доделат сите три лиценци за оваа дејност и да се овозможи секој кој може подобро од Топлификација АД да врши било која од овие дејности да добие шанса. Потребните основни средства за вршење на било која од овие дејности Топлификација АД е подготвена да ги даде под закуп на фирмата која би била избрана од страна на Регулаторната Комисија за Енергетика. Исто така стручниот кадар кој сега е вклучен во реализацијата на овие дејности стои на рсполагање на заинтересираните фирми за вршење на овие дејности. Топлификација АД смета дека ова е единствен начин да се дојде до трајно решение за снабдувањето со топлинска енергија во градот“, се вели на крајот во соопштението од Топлификација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје