17 Јануари, 2025
0.0844

Топлификација: Регулаторите нѐ игнорираа, тие ќе бидат виновни ако нема парно греење!

Објавено во: Економија 05 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Топлификација ги обвини регулаторите дека можат да бидат виновни за загрозување на стабилното производство на топлинска енергија, поради упорниот игнорантски однос кон состојбата во која беше доведена компанијата. Во соопштените Топлификација објаснува дека проблемите со ликвидноста на фирмата почнаа во периодот од 2006 до 2010 година. По изминувањето на овој период фирмата се соочи со закана да треба да се вратат кредитите и да биде загрозено снабдувањето со топлина: „Топлификација ги сервисираше трошоците за овие кредити и банките во тој период имаа разбирање да не се врати главнината на кредитот, ако се плаќаат каматите. Со оглед на поминатиот период од неколку години по земањето на овие кредити за очекување беше дека банките ќе побараат да се врати и главнината на кредитите. Во периодот 2006 – 2011 година РКЕ при определувањето на цените на топлинската енергија со ниедна одлука не предвиде посебен износ за враќање на овие кредити, иако во скоро сите извештаи на Топлификација АД до РКЕ ова беше барано. Овие кредити беа обезбедени кај банките главно со основните средства за вршење на регулираните дејности, а во мал дел со идни приходи од регулираните дејности. Во такви услови Управниот Одбор на Топлификација АД сметаше дека во грејната сезона 2011/2012 година е можно дел од банките да побараат да се вратат кредитите земени за покривање на генерираните финансиските проблеми во периодот 2006 – 2008 година, што ќе претставуваше сериозна опасност за сигурното производство на топлинска енергија и заради тоа во август 2011 година донесе одлука да се врати лиценцата за производство на топлинска енергија„ се вели во соопштението. Но, наместо регулаторите да најдат друг снабдувач тие едноставно молчеа, велат од Топлификација: „Врв на нејасното однесување на РКЕ во целиот тој период беше одлуката на оваа комисија од 01.08.2012 година, кога игнорирајќи ги сите погоре изнесени факти и многу дописи од Топлификација АД во изминатиот период донесе одлука дека нема никаква опасност по сигурното  производство на топлинска енергија и дека Топлификација АД има финансиски капацитет и понатаму да ја врши оваа дејност. Посебно е нејасно зошто оваа многу важна одлука е донесена надвор од нормалните процедури на РКЕ без подготвителна седница и без стручно образложение врз основа на што е донесена оваа одлука. Став на Управниот Одбор на Топлификација АД е дека неактивноста на РКЕ во врска со вратената лиценца за производство од август 2011 до август 2012 година  и одлуката од 01.08.2012 година, која Топлификација АД ја спори пред Управниот Суд, можат сериозно да го загрозат сигурното производство на топлинска енергија во грејната сезона 2012/2013“ пишува во соопштението. Како излезно решение Топлификација објаснува дека сега повторно се вратени лиценците, и дека треба да ги преземе друга фирма, која веќе пројавила интерес: „Топлификација АД на 26.11.2012 година ги врати сите лиценци за регулираните дејности за топлинска енергија и отвори можност во најкраток можен рок РКЕ да избере носител налиценци за сите три регулирани дејности. Согласно активностите кои се одвиваа во изминатиот период една фирма изрази интерес да ги преземе сите регулирани дејности. За да тоа се оствари, оваа фирма треба да се јави на јавниот повик за доделување на за доделување на лиценци за регулираните дејности објавен од РКЕ на 28.11.2012 година. Доколку фирмата ги исполни бараните услови на јавниот повик поврзани со финансиската можност да набавува гориво за производство на топлина и да го организира работењето на регулираните дејности, Топлификација АД е подготвена да ги отстапи основните средства неопходни за вршење на регулираните дејности под форма на Закуп, пишуваат од Топлификација.

Можеби ќе ве интересира

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Никогаш не била подобра! Како Стопанска банка Битола го стегна ременот и стигна до добивка од 2,65 милиони евра?

Никогаш не била подобра! Како Стопанска банка Битола го стегна ременот и стигна до добивка од 2,65 милиони евра?

МИЦКОСКИ ПОКАЖА ДЕЛ ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Еве како таа изгледа

МИЦКОСКИ ПОКАЖА ДЕЛ ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Еве како таа изгледа

НЕМА ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЕВРОПА: Повеќето економисти имаат „мрачни прогнози“, еве зошто експертите на Светскиот економски форум мислат така

НЕМА ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЕВРОПА: Повеќето економисти имаат „мрачни прогнози“, еве зошто експертите на Светскиот економски форум мислат така

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекреативно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекреативно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна