ТОПЛОТЕН БРАН ДО КРАЈ НА АВГУСТ: Еве какво време не очекува
Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 06:30
Според она што можам моментално да го кажам и изјавам за јавноста е тоа дека барем според моменталните излези на најажурните прогностички модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS) во најголемиот дел од август месец продолжуваат топлотните бранови, односно, постојано ќе бидеме под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, и тоа најмалку до 20 август, а топлиот бран ќе продолжи најверојатно до околу 25 август, по што следува големо освежување на времето како и голем пад на температурите на воздухот, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Што се однесува до времето, ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во остатокот од овој месец, меѓутоа, повремено ќе има локален развој на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Барем според моменталните анализи, некои озбилни врнежи не треба да очекуваме и во остатокот од овој месец. Температурите во остатокот од месецов остануваат многу високи, па така тие речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу па и над 35 степени.
Во Повардарието температурите и понатаму ќе се искачуваат до околу 40 степени.
Многу топлото време продолжува и во остатокот од регионот, што значи дека топлиот бран од Африка ја зафаќа цела јужна и југоисточна Европа. Релативно топло ќе биде и во ноќните како и во утринските часови, а особено во Повардарието ќе имаме и тропски ноќи, а тоа значи дека температурите не треба да се спуштат под 20 степени“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




