ТОПЛОТНИОТ БРАН ОД АФРИКА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ ЗЕМА ЗАМАВ: Повторно температурите ќе пораснат до околу 40, 41 степен
Објавено во: Македонија 07 Август, 2024 06:30
Топлотниот Африкански бран во следните денови ќе зема замав во Македонија и во регионот. Токму ова, особено за време на викендот ќе предизвика повторно да имаме екстремно топло време кога во централните и во југоисточните предели од Македонија, како и во Скопската котлина очекуваме температури и до 40, 41 степен, објави метеорологот Славчо Попоски.
Тој додава дека ув индексот останува многу висок со вредност 8, а повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.
Температури од околу, па и од над 40 степени во следните денови очекува и регионот, што значи дека целиот Балкански Полуосторв ќе биде под влијание на овој екстремно топол Африкански бран.
Според моменталните прогностички материјали со кои располагаме, овој топлотен бран од Африка ќе се задржи и следната седмица.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




