ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024 19:14
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека бројот на убиства и на разбојништва е намален, а од опозицијата како што рече, 300 пати му побарале оставка.
Праша зошто исто не се однесувале со неговиот претходник Оливер Спасовски.
„Ваша работа е да барате оставка, доколку сметате дека некој не работи како што треба. Но, во 2023 година на територија на Македонија има 23 убиства, досега во 2024 година 16 убиства. Во 2024 година две нерасчистени, 2023 година пак две нерасчистени. Ниту еднаш во 2023 година за овие 23 убиства кои се случени, ниту еднаш, не излеговте да побарате оставка од почитуваниот Спасовски. Тука е лицемерието што јавно им го покажувате на македонските граѓани. На територија на град Скопје во текот на 2023 година имало околу 300 разбојништва, во 2024 година околу 150 досега или околу 35 отсто помалку од истиот период лани. Факт е дека бројките се намалени и дека за 320 разбојништва ниту еднаш не побаравте оставка од мојот претходник на позицијата, а од мене побаравте 300 пати“, изјави Тошковски.
За убиствата во Чаир и во Лептокарија, Тошковски додаде дека сторителите се во притвор и дека полицијата си ја завршила работата. Во Собранието денеска имаше седница за пратенички прашања.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!
