ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024
Полицијата е фокусирана на функционален систем за следење на сообраќајот со камери.
„Се работи на техничко решение покрај кое ни треба и законско за функционален систем при следењето на сообраќајот со камери“, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој објасни дека целта е што поскоро ставање во функција на камери со кои ќе се утврдуваат и казнуваат сообраќајните прекршоци, да се намалат жртвите во собраќајот и да се зглеми сообраќајната култура.
Поставувањето на камерите треба да покрие и дел од криминалистичката работа на Министерството за внатрешни работи.
Појасни дека камерите би требало конкретно да утврдат сторен прекршок во три сегменти: погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина.