ТОШКОВСКИ: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024
Како што кажа денеска во Собранието, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, голем е бројот на апликантите со турско потекло на кои не им е одговорено од 2022 година досега за добивање на државјанство по основ на потекло по изменувањето и дополнувањето на Законот за државјанство донесен во 2021 година.
Објасни дека огромен број на апликации во минатото не биле решавани, не само за нашите иселеници со турско потекло, туку и за нашите иселеници со албанско, со македонско потекло.
„Јас сум министер од 2024 година. И ќе ви одговориме соодветно во писмена форма, доколку тоа е во ред. Морам да потенцирам дека во текот на вчерашниот ден, имав чест да имам еден работен состанок со амбасадорот на Република Турција и морам да констатирам дека истиот беше многу задоволен од тоа како сегашната Влада пристапува по сето она кое што е од значење за Република Турција, а особено се и граѓаните кои се чувствуваат за Турци и живеат во Македонија. И многу ми е жал што морам да констатирам дека кога ја презедов да ја вршам оваа функција особено во рамки на техничката Влада, покрај многуте други проблеми кошто ги наследив, наследив и една фактичка состојба која во однос на турската заедница навистина беше разочарувачка. Зошто? Заради тоа што немаше дури ниту обрасци за издавање на патни исправи на турски јазик, коишто државата согласно закон е должна да ги издаде“, рече Тошковски.
Тој одговори на прашањето на пратеникот Бејџан Иљас од Турската демократска партија за информација за процесот за реализација на апликациите за државјанство особено по изменување и дополнување на Законот за државјанство и по основ на потекло донесен во 2021 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.