19 Декември, 2025
0.0462

Тошта се онесвестил во судница откако не му беше дадено полесно обвинение

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2018 12:04

Добивај вести на Viber

Александар Јаневски Тошта се онесвети во судница oткако судот на барање на ЈО ја прекина постапката за обвинетиот Сашо Сенков а за Цејо Ѓеоргиевски и Стојан Павлески го преквалификува кривичното дело, додека за него останува потешкото обвинение за нападот над Зијадин Села во собранието на РМ на 27 април лани.

Рече дека по нечија наредба бил затворен и покрај тоа што се обидувал да ги спаси пратениците на 27 април лани во Собрание.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ги предвид изведените докази на главната расправа, а посебно предложениот нов видео доказ во дополнувањето на доказната постапка, оцени дека состојбата изнесена во писмено поднесениот Обвинителен акт е изменета.

Од тие причини, за обвинетиот С.С., јавниот обвинител на денешното рочиште во целост се откажа од Обвинителниот акт за кривично дело – Убиство во обид сторено во соизвршителство со други лица. Имено, поднесената нова видео снимка даде сосема поинаква слика за неговите дејствија во однос на пратеникот Зијадин Села.

Во исто време, надлежниот обвинител оцени дека за двајца од обвинетите, Ц.Ѓ. и С.П., состојбата исто така е променета и во нивните дејствија не се содржани елементите на кривичното дело од чл.123 ст. 1 во врска со чл.19 во врска со чл.22 од Кривичниот законик, туку се содржани елементи на кривичното дело – Насилство од чл.386 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

На денешното рочиште, надлежниот обвинител до судечкиот совет достави измена на обвинението за овие лица. Постапката против останатите обвинети продолжува без измени во Oбвинителниот акт.

Врз основа на дополнителните сознанија, обвинителството презема и понатамошни дејствија за целосно расветлување на настанот во поглед на оштетениот Зијадин Села.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните