19 Декември, 2025
0.0414

Традиционален семеен базар: Училиштето „Нова“ ќе собира средства за Домот за доенчиња – Битола

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2014 15:05

Добивај вести на Viber

Собирање средства со цел да му се помогне на “Домот за доенчиња и мали деца” од Битола, ќе биде целта на годинашниот традиционален семеен базар што ќе се одржи  на 26 април (сабота), од 11 до 15 часот во просториите на меѓународното училиште “Нова”. Овој хуманитарен настан кој се случува по осми пат годинава,  е организиран од учениците на “Нова” (NOVA), нивните родители и професорите на училиштето.  Годинава настанот е организиран во партнерство со “Лајонс Интернационал” (Дистрикт 132 Македонија). Целта на овој проект е да се обезбеди хуманитарна помош за најранливите припадници на општеството. Семејниот базар е дел од долгорочната определба на училиштето да обезбеди квалитетно образование кое вклучува развивање на свест за општествена филантропија од најмали нозе. Средставатa ќе се собираат со продажба на уникатни сувенири и традиционални дела, како и книги од различна област на англиски јазик по многу пристапни цени. Воедно, посетителите ќе можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на традиционалните кујни на повеќе од 10-тина земји од каде што потекнуваат учениците на “Нова”. За време на настанот ќе се организира и лотарија со голем  број на награди донирани од спонзорите на настанот. За најмладите посетители ќе биде организирано и детско катче, а учениците на “Нова” ќе се претстават со свои музички и танцови точки. Влезот за семејниот базар е бесплатен, а настанот е отворен за сите заинтересирани хумани луѓе. Од досегашните семејни базари, училиштето има обезбедено помош за организацијата “Дајте ни Крилја”, Домот на доенчиња од Битола, Центарот за рехабилитација на млади, Домот за деца без родители “11 октомври“, невладината организација „Отворете ги прозорците“, и Детската болница во Скопје. Минатата година беа собрани приближно 5.000 евра кои беа донирани за изградба на Детскиот ургентен центар на Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје, за две невладини организации поддржани од Ученичкиот совет на “Нова” и за библиотечниот фонд на училиштето.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка