Традиционалниот предновогодишен концерт на Павле Камилоски првпат во Битола – со генерална поддршка од Астра Казино
Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2025 11:10
Битола оваа година ќе блесне во вистинска празнична магија! На 26 декември, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за Култура Битола ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на еден од најголемите џентлмени на македонската музичка сцена - Павле Камилоски. Настанот, кој низ годините е препознатлив по празничната енергија и исклучителната музичка атмосфера, за првпат се сели од Скопје во Битола, а негов генерален спонзор е Астра Казино.
Павле Камилоски, познат по својот препознатлив вокал, харизма и уникатна способност да ја спои класиката со современиот музички звук, веќе со децении е симбол за квалитет и искреност на сцената. Неговата кариера е приказна за посветеност, стил и љубов кон музиката - приказна која инспирира генерации млади уметници.

Овој специјален концерт во Битола претставува уште едно поглавје во успешната соработка помеѓу Павле и Астра, компанија која континуирано ја поддржува домашната културна сцена. Астра е генерален спонзор не само на овој настап, туку и на неговата нова песна „Малина“, како и на два големи концерти и новиот музички спот што Павле ги подготвува за следната година.
Со својата поддршка, Астра Казино ја продолжува мисијата на промовирање на македонската музика и култура, создавајќи можности за уште поамбициозни проекти и незаборавни моменти за публиката.

Битолчани и сите љубители на добрата музика ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, најголемите хитови на Павле Камилоски и празничен дух.
ПР Објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





