Традиционално во Рамстор Мол: Рециклираме и се маскираме за денот на шегата и смеата
Објавено во: Мои пари 23 Март, 2015 10:25
Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка , по трет пат ќе го организира најголемиот еко маскембал во земјата.
На најзабавниот маскембал право на учество имаат сите деца од 3 до 14 години кои ќе изработат маска од материјали кои се рециклираат како што се: хартија, пластика и најлон, а истата треба да ги исполнува следните услови: Да биде едукативна, забавна и инвентивна.
За најуспешните маски и оваа година организаторите обезбедија вредни подароци: велосипед, ролерки и скирол, а подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскембалот.
Пријавувањето на најинтересниот еко макембал ќе се врши до 31.03.2015 на инфо пултот во трговскиот центар, а главниот настан со дефилето на маските ќе се одржи на 1 април со почеток во 17 часот во холот на трговскиот центар Рамстор.
Организаторите на настанот очекуваат на денот на шегата и смеата трговскиот центар во целост да биде исполнет со насмеани детски лица кои гордо ќе ги претстават своите креативни маски.
Трговскиот центар Рамстор преку оваа активност која преминува во традиција уште еднаш ја покажува својата општествено одговорна страна преку грижата за животната средина и еко концептот за организација на маскембалот.
Дали сте подготвени за најзабавниот маскембал во градот?
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?





