ТРАГЕДИЈА: Бебе старо 45 дена донесено починато на Детската клиника во Скопје
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2025 15:13
На Детската клиника во Скопје во 06:40 часот вчера било донесено машко бебе старо само еден и пол месец, без знаци на живот. Лекарите веднаш се обиделе да интервенираат, но констатирале смрт, информираа денеска од СВР Скопје.
- Случајот бил веднаш пријавен во полиција, а по преземените дејствија и консултација со надлежен јавен обвинител, телото на новороденчето било предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта. Во овој момент, не се познати дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта, ниту дали има сомнежи за насилна причина или евентуално здравствено нарушување - се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека се преземаат сите потребни истражни мерки.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




