17 Декември, 2025
0.0511

ТРАГЕДИЈА: Удавеното момче влегло во багажникот затоа што немало место за него во автомобилот!

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2014 10:36

Добивај вести на Viber

Нови детали за несреќата која вчера ја потресе Србија и во која шест млади со автомобилот се превртеа во Дунав. Од нив три се удавија, а три успеаја да се спасат. Според последните информации, 19-годишното момче кое било заробено во багажникот на автомобилот во времето на несреќата прифатило да се вози таму затоа што за сите немало доволно место во автомобилот. Откако излегле од кафулето, се упатиле кон БМВ-то, но пред да влезат во автомобилот сфатиле дека нема доволно место за сите со еден автомобил да отидат до ресторан на Ада Хуја, каде што имале намера да продолжат со забавата. „Пријатели, ако нема место, еве јас ќе влезам во багажникот. Не е проблем“, се понудил самиот 19-годишниот Милош Јанковиќ. Легнал во багажникот и го затвориле таму. Младите, четири момчиња и две девојки, се враќале од забава во раните утрински часови. Возеле брзо, а возачот бил под дејство на алкохол и со себе не носел возачка дозвола, утврди полицијата. Откако автомобилот излетал во реката, успеале да се спасат возачот, уште едно момче и една девојка. Телата на останатите тројца млади биле пронајдени во автомобилот, но особено стравична била глетката што спасувачите ја откриле кога го отвориле багажникот. „Удавеното момче се обидувало да излезе до последен момент. Тоа го заклучивме затоа што со ногата успеал да искрши еден дел од задното седиште, обидувајќи се да најде излез од ужасната ситуација. Но, водата брзо навлегла во автомобилот и момчето не успеа да се извлече“, раскажува извор за српски „Блиц“.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата