19 Декември, 2025
0.0598

Трајанов: Македонија е во досега најтешка криза - Собранието да заседава

Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 13:04

Добивај вести на Viber

Демократскиот сојуз оценува дека Македонија се вовлекува во најтешка криза од нејзиното осамостојување, со можни последици по нејзината стабилност и нормално одвивање на животот на граѓаните. Откако Никола Груевски не успеа да формира Влада, започна манипулативна кампања преку емоциите на граѓаните, тврдејќи дека е загрозена унитарноста, името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, дека Македонија ќе се подели, при што го повика народот на протести за да ја „спаси државата”, со што практично попречува да се формира Влада на Република Македонија, рече денес на прес конференција Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Ѓорге Иванов, со вчерашната одлука да не му го даде мандат за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев, спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта. Ѓорге Иванов, со овој акт и настапот во јавноста, директно го загрози мирот, внатрешната кохезија, единството и стабилноста на државата.

Користејќи ја „Платформата на албанските партии“ како аргумент, за попречување да се формира Влада на Република Македонија, „создаде услови“ за дестабилизација, интеретнички и меѓуетнички конфронтации, разгорување на меѓуетничка и верска нетрпеливост, омраза и раздор. Со одлуката да не го даде мандатот на партиите кои имаат мнозинство во Парламентот, Ѓорге Иванов, ја вовлече Македонија во институционална криза и создаде основи за поделби и немири од пошироки размери и со тешки последици. Поткопани се темелите на демократијата.

За излез од кризата Демократскиот сојуз предлагаме сите разговори и преговори за излез од кризата да се водат во Собранието на Република Македонија. За сите отворени прашања треба да се води дебата во Собранието, на отворени седници пред очите на јавноста.

Да се свика седница на Собранието на Република Македонија, на која ќе се договори мирен трансфер на власта. Собранието на Република Македонија да донесе Декларација во која ќе се осуди постапката на Ѓорге Иванов, за не давање мандат за состав на Влада, на кандидатот за мандатар на партиите кои имаат мнозинство за состав на Влада и ќе побара да си поднесе оставка.

Парламентот да биде во перманентно заседание и на иста седница да се избере Претседател на Собранието и Влада на Република Македонија. Да се одложи одржувањето на локалните избори и наместо во месец мај истите да се одржат најрано во септември 2017 година. Собранието да ги задолжи државните институции да преземат ригорозни законски мерки против сите кои се обидуваат со поттикнување насилство да создадат услови за воено -полициски удар и суспендирање на легалните државни институции и волјата на граѓаните.

Демократскиот сојуз цврсто стои на страната на граѓаните и разумот и ќе направиме се што е во наша моќ, да се заштитат националните и државните интереси и сочува самостојна, унитарна и демократска Република Македонија“, се оценува во партиската реакција.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата