19 Декември, 2025
0.0472

ТРАЈАНОВСКИ НАЈАВИ ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Сега „закрпени“ се деловите кај Хиподром и Белви

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

Директорот на ЈП Македонија пат, Коце Трајановски, по поплаките од граѓаните за лошата состојба на асфалтот на клучката во Хиподром и кај Белви, објави дека извршена е времена интервенција на оштетениоет коловоз.
„Извршивме времена интервентна санација на оштетениот коловоз на клучките кај Белви и кај Хиподром и ја вративме безбедноста во сообраќајот. Санацијата по наш налог ја изврши ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, т.е. Македонијапат и продолжуваме и понатаму со времена интервентна санација онаму каде што има потреба од тоа.

Утрово заедно со градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и во присуство на заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и раководителот на одделот за поддршка на директорот Љуљзим Шаќири извршивме проверка над сработеното.

Инаку, времената интервентна санација опфати:

санација на најоштетените делови на клучката Белви и на

клучката Хиподром.

на клучката Белви санирани се: кракот за исклучок од Скопје кон Илинден и кракот од Белви кон Скопје.

на клучката на Хиподром, пак, санирани се делот од коловозот на клучката, кракот за приклучок кон обиколницата од страна на Миладиновци и кракот за исклучок од обиколница кон Куманово.

вкупно се санирани 21.000 м2 и вградени се 4.500 тони асфалт.

вредност на работите е 57 милиони денари обезбедени во програмата на ЈПДП.

Во периодов што доаѓа се посветуваме на проектот за целосна рехабилитација на клучката за кој е веќе даден налог за изработка, проект кој ќе биде за трајна рехабилитација и санација на целата заобиколница на Скопје вклучително и исклучувањата/вклучувањата на неа, објави тој.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните