ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ ЗА ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: „Тогашната пратеничка си го гласаше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија“
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2025 09:30
Откако екс пратеничката и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, го поднесе вториот протокол меѓу Бугарија и Македонија до Уставен суд, се огласи екс претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.
„Читам поранешна пратеничка, се освестува и бара Уставен суд да го поништи вториот протокол склучен помеѓу Македонија и Бугарија, само за потсетување за да има втор протокол склучен на 17 јули 2022 година од Бујар Османи и Теодора Генчовска треба да има прв протокол кој е склучен на 10 јуни 2019 година од Никола Димитров и Екатерина Захариева а за да има протоколи треба да има договор, за жал на 01 август 2017 во првите 100 дена од новата влада Зоран Заев и Бојко Борисов го склучија Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
За потсетување тогашната пратеничка си го гласаше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и многу други договори и акти предложени од владата на Зоран Заев“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




