ТРАКТОРИСТИТЕ ЈА БЛОКИРАА ГЕРМАНИЈА: Нема движење, некои работат од дома, а школите се празни
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2024
Блокади на
автопатите, колони од автомобили, сообраќаен метеж, ваква е глетката во
Германија откако утрово почнаа протестите на земјоделците против укинувањето на
субвенциите. Како што пишува Дојче веле, денеска практично нема да има дел од
Германија што ќе функционира нормално. На патиштата ќе има илјадници трактори -
во протестот што германските земјоделци го најавуваат како најголем во
историјата.
Билд објави мапа со градови и автопати чии блокади се најавуваат - списокот е долг. Надлежните ги повикаа граѓаните во понеделник да користат железнички превоз и да се откажат од возењето. Работодавците им кажуваат на луѓето да работат од дома каде што е можно, а училиштата ќе го оправдаат отсуството на децата.
Од 7. јануари земјоделците протестираат против планираните (и сега делумно повлечени) кратења во земјоделскиот сектор и најавуваат „недела на денови на бес“ на улиците на најголемата европска економија.
ФОТО: EPA* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.