Трамп гледа политички непријател во заменик-директорот на ФБИ
Објавено во: Свет 24 Декември, 2017
Доналд Трамп смета дека Ендрју Меккејб, заменик-директорот на ФБИ, треба да си поднесе оставка и да замине од службата бидејќи го смета за негов политички непријател што е докажано со врските кои ги има со Хилари Клинтон.
– Како може заменик-директорот на ФБИ Ендрју Меккејб, заедно со свиркачот Џемс Коми, од истрагата за Хилари Клинтон (вклучувајќи ги и нејзините 33 илјади нелегални избришани маилови), за време на истрагата да прими 700.000 долари за кампањата на жена си од марионетите на Клинтон?, напиша Трамп на Твитер.
Сопртугата на заменик-директорот на ФБИ, Џил Меккејб во 2015 година добила донација од 700 илјади долари за потребите на предизборната кампања за Сенатот на Вирџија од гувернерот на државата, кој се смета за сојзуник на Хилари Клинтон, како и од локалниот огранок на Демократската партија.
Освен тоа, Трамп во друг твит напиша дека Меккејб „чека да истече рокот за да се пензионира со целосна пензија“ и оти му остаnуваат 90 дена.
Американскиот претседател е под истрага за поврзаноста со руската влада и влијанието на претседателските избори, но тврди дека целиот случај е измислен од неговите политички противници и пристрасни функционери во ФБИ и другите служби кои се уште се лојални на Обама и Клинтон.