16 Декември, 2025
0.0366

Трамп им се обрати на Американците по убиството на Кирк: Ова е мрачен момент за сите нас

Објавено во: Свет 11 Септември, 2025 11:24

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е „исполнет со тага и бес“ по „гнасниот атентат“ врз десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк.

Кирк, лојален сојузник на американскиот претседател, беше убиен на универзитетски настан во Јута вчера попладне по американско време. Властите соопштија дека осомничениот веројатно пукал од покрив од значително растојание, додавајќи дека на собирот на Универзитетот во Јута се собрале околу 3.000 луѓе.

Директорот на ФБИ Каш Пател прво извести дека осомничениот за пукањето во кое беше убиен конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, но неколку часа подоцна објави дека приведениот е пуштен по испрашувањето.

Во видео порака објавена на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е „исполнет со тага и лутина поради гнасниот атентат врз Чарли Кирк“.

- Чарли инспирираше милиони и вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој му го посвети својот живот на целта на отворената дебата и на земјата што толку ја сака, Соединетите Американски Држави, наведе Трамп.

- Тој е пример на вистината и слободата, и никогаш не постоел некој кого младите толку го почитувале. Чарли беше, исто така, човек на длабока, длабока вера. И нè теши сознанието дека сега е во мир со Бог на небото, рече Трамп, додавајќи дека го замолил Бог да внимава на сопругата и децата на Кирк „во овој страшен час на болка. Ова е мрачен момент за Америка, додаде тој.

Трамп најави дека неговата администрација „ќе го најде секој од оние што придонеле за овој злостор и за другото политичко насилство“. Трамп напомена дека „радикално-левичарското политичко насилство повредило премногу невини луѓе“.

Тој потсети и на обидот за атентат врз него и убиството на Брајан Томпсон, извршниот директор на ЈунајтедХелткер, минатата година.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“