18 Декември, 2025
0.1111

Трамп: Имаме нуклеарна подморница покрај рускиот брег, не мораме да пукаме од далечина

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2025 16:47

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Вашингтон „не игра игри“ со Москва и откри дека американска нуклеарна подморница се наоѓа во близина на рускиот брег.

Изјавата доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека е успешно тестирана крстосувачката ракета на нуклеарен погон „Буревестник“, која, според него, прелетала 14.000 километри и останала во воздух 15 часа.

- Ја имаме најдобрата нуклеарна подморница на светот веднаш покрај нивниот брег. Не мора да поминува 8.000 милји. Тие не си играат со нас, ниту ние со нив, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“.

Трамп оцени дека изјавата на рускиот лидер за тестирањето на „Буревестник“ е „несоодветна“, нагласувајќи дека Путин треба да се посвети на завршување на конфликтот во Украина.

- Војна што требаше да трае една недела наскоро влегува во четврта година. Тоа е она што треба да го прави – да ја заврши, наместо да тестира нови ракети, порача американскиот претседател.

Тој додаде дека украинскиот конфликт би можел да стане „деветта војна што ќе ја реши“.

- Решив осум војни, а деветтата доаѓа. Мислам дека тоа е меѓу Русија и Украина, истакна Трамп.

На прашањето за можноста за воведување нови санкции против Русија, американскиот претседател одговори кратко: „Ќе дознаете“. Тој додаде дека не бил вклучен во разговорите за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на Киев, нарекувајќи го тоа „прашање на Европската унија“.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“