ТРАМП ИЗБИРА „СПЕЦИЈАЛЕН“ ЧОВЕК: Ќе го решава клучното прашање
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2024
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наскоро ќе назначи специјален пратеник за Украина кој ќе биде ангажиран за преговори за завршување на војната, објави ТВ „Фокс њуз“.
„Ќе видите специјален пратеник, некој со голем кредибилитет, кој ќе има задача да најде решение, за да дојде до мирно решение“, рече изворот на Фокс њуз.
Трамп во текот на кампањата вети дека може да го реши украинскиот конфликт преку преговори.
Тој уште во изборната претседателска кампања повеќе пати кажа дека може да го реши прашањето за војната за еден ден, додека Русија, од своја страна тоа го смета за премногу сложен проблем.
Инаку, новоизбраниот претседател на САД, со молскавична брзина ги објави имињата на оние што сака да го пополнат неговиот кабинет и да го советуваат за најважните прашања.
ФОТО: EPA-EFE/DOUG MILLS* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.