ТРАМП СЕ ПЛАШИ ОД ИРАН: Бара воени авиони и антиракетна заштита на митинзите
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2024
Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп се плаши дека Иран му срема напад.
Предизборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп испратил неколку писма до Тајната служба во кои се наведуваат предлози за негова воена заштита кои се без преседан во историјата на САД, објави „Вашингтон пост“.
Штабот предложил дополнителна заштита на личниот авион на Трамп со придружба на воени ловци. Потоа, се бара забрана за летови над резиденциите на Трамп и над местата кадешто се одржуваат митинзите, како и тоа да се обезбеди непробојно стакло за заштита на подиумот на митинзите во седум клучни држави. Се бара им се дадат на служба оклопни возила за транспорт на кандидатот.
Разузнувачите го предупредиле дека Иран сака да го убие со ракети или дронови.
Од Белата куќа синоќа изјавија дека претседателот Џо Бајден наредил заштитата на Трамп да биде на највисоко можно ниво.Инаку, двпати имаше обид за атентат на Трамп изминатиов период.
фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.