ТРАМП СЕ ЗАКАНИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД БРИКС: Песков му врати
Објавено во: Економија 02 Декември, 2024
Новиот американски претседател Доналд Трамп им се закани на земјите членки на БРИКС дека ќе им ги зголеми царинските давачки за 100 отсто и дека можат да речат збогум на извозот во САД ако решат да создадат нивна валута и да го заменат доларот.
„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот додека ние стоиме и гледаме е завршена. Ние бараме посветеност од овие земји дека нема да создадат нова валута БРИКС, ниту да поддржат друга валута што ќе го замени моќниот американски долар или, тие ќе се соочат со 100 отсто царини и треба да очекуваат да се збогуваат со продажбата во прекрасната американска економија. Тие можат да одат да најдат други „морони“. Нема шанси БРИКС да го замени американскиот долар во меѓународната трговија, а секоја земја што ќе се обиде треба да се збогува со Америка“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Кремљ соопшти дека сите обиди на САД да ги принудат другите земји да го користат доларот ќе имаат контраефект откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за сите земји од БРИКС доколку се обидат да создадат своја валута.
Според Песков тоа доларот почнува да ја губи својата привлечност како резервна валута, а одлуката на Трамп може да ја зајакне тенденцијата за преминување кон националните валути во меѓународната трговија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.