02 Декември, 2024
0.0358

РКЕ ја намали цената на Електродистрибуција за да нема „струен“ шок од јануари

Објавено во: Економија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денес соопшти дека значително се намалува цената во делот од сметките за електрична енергија кај домаќинствата за дистрибуција.

Електродистрибуција,компанијата на ЕВН задолжена за мрежното покривање, оствари големи добивки изминатиот период. Сега РКЕ ја намалува цената на оваа услуга за да не дојде до ценовен шк од 1 јануари 2025 кога ЕВН Хоме,како универзален снабдувач, ќе ја соопшти својата цена. Веќе е соопштено дека АД ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН Хоме поскапена од 60 на 62 евра по мегаватчас, но и прашање е колкав дел од потребните количини ќе може да задоволи.

- Според цената од 62 евра на ЕСМ кај ЕВН Хоме,не очекувам дека ќе има поголемо покачување од 1 процент на конечната цена за домаќинствата и поголемиот дел од малите потрошувачи, рече денеска Бислимовски.

Мрежарината,преносот и диструбуцијата, според денешната одлука на седницата на РКЕ, ќе претрпат намалување за 7 проценти. Според одлуката, цената за дистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а делот од мрежарината се намалува за 7 проценти

- Успеавме да ја намлиме мрежарината, бидејќи кај одредени компании има поголем остварен профит,  порача Бислимовски.

Конечната цена, односно колкаво ќе биде очекуваното минимално поскапување,ќе биде познато кон крајот на декември.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ДОБРА ВЕСТ СТИГНА ОД РЕГУЛАТОРНА: Поевтинуваат горивата

ВОЗАЧИ, ДОБРА ВЕСТ СТИГНА ОД РЕГУЛАТОРНА: Поевтинуваат горивата

Јавно-приватните партнерства на ЕСМ во Осломеј веќе продаваат струја, ама 100 вработени уште немаат преземено

Јавно-приватните партнерства на ЕСМ во Осломеј веќе продаваат струја, ама 100 вработени уште немаат преземено

ПРВИОТ ЧОВЕК НА СТЕЛАНТИС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА! Не може да прифати 2 работи, нов директор во првата половина на 2025 година

ПРВИОТ ЧОВЕК НА СТЕЛАНТИС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА! Не може да прифати 2 работи, нов директор во првата половина на 2025 година

Градење деловна етика и конкурентност – Успешно одржана обука за бизнис интегритет во Битола

Градење деловна етика и конкурентност – Успешно одржана обука за бизнис интегритет во Битола

Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

ШОК НА ПАЗАРОТ НА ТРУД: Компаниите ги намалуваат работните часови и платите

ШОК НА ПАЗАРОТ НА ТРУД: Компаниите ги намалуваат работните часови и платите

КОГА СИНОТ НА ДОНАЛД ТРАМП ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕДНА КОМПАНИЈА: Акциите секундарно скокаат за 100 проценти

КОГА СИНОТ НА ДОНАЛД ТРАМП ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕДНА КОМПАНИЈА: Акциите секундарно скокаат за 100 проценти

ОВДЕ Е НАЈДЕНО НАЈГОЛЕМОТО НАОЃАЛИШТЕ НА ЗЛАТО ВО СВЕТОТ: Вреди неверојатни 76 милијарди евра

ОВДЕ Е НАЈДЕНО НАЈГОЛЕМОТО НАОЃАЛИШТЕ НА ЗЛАТО ВО СВЕТОТ: Вреди неверојатни 76 милијарди евра

ТЕСЛА ОСТАНУВА ЛИДЕР ВО ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ - сепак, кинеските производители им дишат во врат

ТЕСЛА ОСТАНУВА ЛИДЕР ВО ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ - сепак, кинеските производители им дишат во врат