05 Декември, 2025
0.0358

Трамвај од 243 милиони евра ита кон Скопје, СДСМ мисли дека Коце блефира!

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2012 08:13

Добивај вести на Viber

Дел од градските советници не се согласуваат со условите за давање под концесија на идниот трамвајски систем. Од советничката група на СДСМ велат дека генерално се за проектот, но поради концесиските услови, дел од нивните членови ќе гласаат воздржано на денешната седница на Градот Скопје, каде што и официјално и останатите градски советници ќе го дадат своето мислење за Предлог одлуката трамвајскиот систем да се реализира со јавно приватно партнерство. Долгонајавуваниот трамвај е идеја која што датира уште од времето кога во градоначалничката фотеља седеше Трифун Костовски. И сегашниот градоначалник ја најави уште на почетокот на неговиот мандат, но дури сега работите мрднаа од мртва точка. Опозициските советници сметаат дека причината поради која што овој важен проект за Скопје четери години се одлговлекува, е поради тоа што градоначалникот Коце Трајановски нема вистинска желба да се зафати со реализација на ниту еден капитален проект во Скопје. -Трамвајот е еден од нив. Да потсетам дека неговиот претходник Трифун Костовски му остави во наследство околу 6 милиони евра за изградба на депо за трамвај. До денес единствена активност врзана за трамвајот беше безмилосното трошење за студии и консултанти иако таквите веќе постоеа кога Коце стана градоначалник. Трајановски нема ниту храброст, ниту визија, ниту пожртвуваност да се зафати со проект чија лента не е сигурен дека тој ќе ја пресече. За стратешките потфати кои му се неопходни на Скопје не е доволен еден мандат туку тоа треба да биде дело на совесни визионери, на местото Градоначалник, кои своето рекламирање ќе го заменат со помалку популарно, помалку видливо но суштински позначајно решавање на крупните предизвици за Скопје. Во меѓувреме, со садење темјанушки не се одржува долго впечатокот дека сте способен и одговорен градоначалник, вели координаторот на советничката група на СДСМ, Софија Куновска. Градоначалникот Коце Трајановски,  на една од минатите седници за советнички прашања, изјави дека пролонгирањето е оправдано, бидејќи се работело за најскап проект на Градот. Сега градските власти се одлучија проектот за трамвај да го реализираат со јавно приватно партнерство, а во финансиската конструкција освен Градот и концесионерот ќе учествува и Владата. Првичната проценка е дека изградбата ќе чини нешто повеќе од  243 милиони евра. Со 50 отсто ќе учествува Владата, а допрва ќе се одлучува колкав ќе биде уделот на концесионерот. Иако во Предлог одлуката на Градот Скопје за започнување на постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за трамвајскиот ситем стои дека тендерската документација ќе биде изготвена во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, во  отчетот,  градоначалникот Трајановски изјави дека очекува тендерот да се распише кон крајот на следниот месец. Студијата е изработена од унгарско-англиска консултантска куќа, а досега интерес покажале неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија. Трамвајот на скопјани треба да им понуди подобар,побезбеден и поудобен јавен превоз. Концесионерот што ќе биде избран за приватен партнер е задолжен за проектирање на трамвајската инфраструктура за линијата, изградба на трамвајска линија со должина од 24 км, изградба на трамвајски станици, депоа и набавка на најмалку 22 трамвајски возила, да врши превоз на патници и да ја одржува трамвајската линија. Договорот ќе биде потпишан на 35 години,а пред истекот на рокот, концесионерот треба да му го предаде на Градот. Предвидено е трамвајската Линија1 да го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот - со вкупна должина од околу 24 км во двете насоки, и со фреквентна временска рамка од 3-6 минути.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“