Трансформацијата започнува: Аxapta Masters го отвора патот на домашните компании за успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central
Објавено во: Мои пари 09 Април, 2024 09:00
Со својата исклучителна експертиза и успешни резултати во имплементацијата на најсовремените Microsoft решенија, Axapta Masters, водечки домашен партнер на Microsoft, на домашните компании им обезбедува можност за унапредување и успешност. Преку Dynamics 365 Business Central, компаниите добиваат сè-во-едно решение за деловно работење на Microsoft.
Додека бизнисите се стремат кон дигитална трансформација, Dynamics 365 Business Central нуди сеопфатен пакет алатки за управување со финансии, операции, продажба и услуги на клиентите. Со увиди во реално време и аналитика управувана од вештачка интелигенција, Business Central им овозможува на компаниите да ги насочат своите процеси и да носат навремени и правилни бизнис одлуки.
“Докажаната експертиза на Axapta Masters за имплементација на современи деловни решенија нè позиционира високо и уште повеќе ја истакнува нашата подготвеност да испорачаме исклучителна вредност преку Dynamics 365 Business Central. Нашиот тим обезбедува беспрекорна интеграција на Business Central во различните бизнис системи на нашите клиенти, давајќи им можност да се развиваат и постигнат повеќе”.
Главни бенефити за компаниите кои ќе одлучат да направат трансформација и да го користат ова современо решение се:
•Cloud-Based решение: безбедност на податоците, пристап од било кое место и време, лесно надградување.
•Опфатени функционални области: финансиско управување, продажба и сервиси, магацински набавки, производство, анализа на податоци, проектен менаџмент.
•Прилагодувања според потребите на компанијата: прилагодување на специфичните потреби, интеграција со Microsoft апликации.
•Економско влијание: зголемена вредност на компаниите.
Business Central е ERP (enterprise resource planning) решение наменето за мали и средни компании, изграден и оптимизиран за сите оние компании кои се стремат кон модернизација и ефикасно управување на своите операции.

Софистицираните компании ширум светот го прифаќаат Microsoft Dynamics 365 Business Central како свој партнер за успешна дигитална трансформација. Интегрирајќи ги различните функционалности на Business Central во нивните постоечки системи, овие компании ги прошируваат своите можности и ја зголемуваат својата конкурентност на пазарот.
Аxapta Masters е посветена на обезбедување услуги и поддршка од највисоко ниво за да им помогне на бизнисите да профитираат и да се развиваат со можностите кои ги нуди Microsoft Dynamics 365 Business Central.
Компанијата повеќе од десет години обезбедува иновативни технолошки решенија за бизнисите на глобално ниво. Со фокус на успехот на клиентите, Аxapta Masters нуди низа услуги за да им помогне на организациитеи компаниите да се трансформираат и да напредуваат во дигиталната ера.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




