26 Ноември, 2024
0.0300

„ТРАНСМЕТ“ НА СЕАТ КОЧАН Е ЛИКВИДИРАНА - кога ќе дојдат првите пари на бројчаникот

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата „Трансмет“ на Сеат Кочан веќе не постои. Таа сега е затворена и ликвидирана, а во наредниот период треба да следува впаричување на имотот на оваа фирма, што ќе се прави во согласност со Законот за стечај. 

Решението за ликвидација на „Трансмет“ вчера беше објавено во Централниот регистар на земјава.

„Со Решение 2 СТ-30/19 од 01.09.2020 на Основен граѓански суд Скопје, деловниот потфат на Друштво за градежништво, транспорт и трговија ТРАНСМЕТ ДОО во стечај Скопје по службена должност се затвора и ликвидира и постапката да продолжи со впаричување на имотот на должникот согласно одредбите од Законот за стечај“, се наведува во диспозитивот објавен во Централниот регистар. 

Иако оваа одлука беше објавена вчера, како што е наведено во Централниот регистар, таа е донесена на први, а стартувала на четврти овој месец. 

Според експертите со кои комуницираше Фактор, ова впаричување всушност значи дека имотот на компанијата „Трансмет“ може слободно да се продава и од него да се наплатат парични средства, со кои би била обештетена државата во овој случај. 

БРОЈЧАНИКОТ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ДА ВРТИ

Дали ова значи дека набргу може да се очекува на сметката на државата да легнат првите пари вратен одземен имот од нелегални активности, а кои би биле и првите кои ќе бидат свртени на бројчаникот кој уште за време на претходниот мандат го купи премиерот Зоран Заев. Всушност, ветувањето за бројчаникот беше предизборно ветување на Заев и на СДСМ уште за време на претходните избори во 2016 година. 

Кон крајот на август годинава, додека уште ја немаше формирано Владата и беше мандатар, премиерот Зоран Заев, прашан кога ќе почнат да вртат првите пари на бројчаникот на „Порта Македонија“ во Скопје, тој одговори дека од правосилните судски пресуди, а не од извршната власт, ќе зависи колку ќе заврти тој бројчаник. Според него, бројчаникот треба веќе да заврти 18 милиони евра од судската постапка за „Трансмет“ на бизнисменот Сеад Кочан.

„Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот. Овој бројчаник треба да заврти 18 милиони евра од заплената на имотот на ‚Трансмет', кој е завршена постапка. Се завршуваат правните процедури за да инкасира буџетот на државата со продажба на самиот имот.... Знаете дека имаме постапка на заплена на пари од дијализите, кои се три милиони евра запленети во наши банки, осум милиони евра во италијански банки, не знам каде се. Ако Обвинителството докаже дека е тоа така, преку судски постапки и тие 11 милиони евра ќе завршат на бројчаникот“, рече Заев.

Фактор вчера се обиде да добие одговор и од Агенцијата за управување со одземен имот за тоа дали и кога ќе почнат со продажбата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан вреден 18 милиони евра. Оттаму велат дека повеќе детали ќе можат да се добијат во текот на денешниот ден, не сакајќи да дадат повеќе објаснувања. Уште и  велат дека кога станува збор за впаричување, тоа значи продажба на имотот, како и други постапки, кои се прават со цел да се обезбедат паричните средства од запленетиот имот.

СТЕЧАЈОТ БЕШЕ ОТВОРЕН ПРЕД ЕДНА ГОДИНА

А, стечајот врз компанијата „Трансмет“ беше отворен пред една година. За стечаен управник беше назначен Богољуб Макревски.

Во јули минатата година до Агенцијата за управување со одземен имот стигна правосилната пресуда во врска со одземениот имот на фирмата „Трансмет“ и Сеад Кочан. Директорот на агенцијата Фатон Асани изјави дека се изготвени 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на институцијата.

Според него, од нив 23 имоти беа чисти, а три беа под залог, но имаше и 204 возила, за кои тогаш се проверуваше дали се дадени под залог. Асани рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.

„Изготвени се 26 решенија за префрлање на недвижности, станови, земјиште, деловен простор… од име на ‘Трансмет‘ односно Сеат Кочан на Агенцијата. Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот“, рече тогаш Асани.

ГРАДЕЖНИ ЗЕМЈИШТА, ПАСИШТА, СТАНОВИ, ЛОЗЈА, НИВИ....

Кога беше актуелна постапката против бизнисменот Сеат Кочан, медиумите тогаш објавија дека во Агенцијата за катастар за недвижности има околу 20 имотни листови кои се водат на името на „Трансмет“. Од пасишта, лозја, ниви, градежни земјишта, бензиски пумпи, па се до станови, од кои едниот е во познатата зграда на улица „Димче Мирчев“ 20, спроти МВР. На име на „Трансмет“ се води и трговскиот центар „Емпорио“, во кој има супермаркет, ресторани, кафулиња. 

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА

А, за локацијата на бројчаникот, треба само да се спомене дека неодамна Владата доставила барање до Општина Центар од новиот детален урбанистички план „Мал ринг“ да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза. Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ која беше формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година, за овие два објекти кажа дека се дивоградби и при нивната изградба прекршени се низа закони.

Според работната група, Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза се поставени среде улица, го попречуваат слободниот пристап на граѓаните и не постои друго решение освен да се доведе просторот во првобитна состојба. Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека мислењето дадено од Владата до Општина Центар не укажува дека треба да се руши кој било од објектите, туку било препорака ДУП-от да се разгледа и усогласи со мислењата дадени од самите стручни комисии формирани од извршната власт.

„Објектот Порта Македонија не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај. Низ уличната мрежа секојдневно минуваат пешаци и возила односно има непречена комуникација“, рече Заев.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили