ТРАНСПАРЕНТ ВО ДЕБАР: Албанците се понижуваaт до таму што се гази и крвта на паднатите борци!
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2024 15:37
Во Дебар е поставен транспарент „Албанците се понижуваaт до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“.
„Транспарентот го поставивме денеска наутро во 7 часот. Тој се наоѓа на спротивната страна од седиштето на огранокот на нашата партија. Поставен е по барање на 90 отсто од Албанците во Дебар“, изјави за МИА, Рамадан Имери, потпретседател на огранокот на Демократската унија за интеграција.
Тоа е, како што наведе, поради „незадоволството и револтот од понижувањето што го доживуваат Албанците од актуелната влада.
Претходно транспарент со ликот на Ахмети, беше поставен на надвозник на автопатот Скопје – Тетово, веднаш после населеното место Сарај, на кој беше напишано „Команданте ние сме подготвени“.
Полицијата веќе најави дека ако има обиди за дестабилизација, жестоко ќе одговорат. Со месеци во јавноста се говори дека имало најави за дестабилизација.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




