29 Март, 2024
0.0758

Трчај бе - нов спектакл во спортскиот календар на Битола

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита и актуелната балканска шампионка, викендов ја истрчаа Битола на првата градска трка Трчај бе, организирана од група ентузијасти кои решија Битола да стане град на трчачи.

"И се случи Трчај бе на Битола, успеавме да го организираме најмасовниот спортски настан кој некогаш Битола го имала. Би сакале настанот да ни прерасне во традиција за сите нас" - изјави директорот на трката Никола Димитровски, по професија адвокат и вљубеник во трчањето.


Тој заедно со група ентузијасти неколку месеци интензивно ја ширеа идејата дека и Битола треба да добие градска трка и да стане град во кој луѓето ќе се поттикнат да трчаат.

Пријавени беа поединци и тимови од многу комапнии, факултети, здруженија, семејни тимови кои направија вистински спортски празник за градот под Пелистер. Никогаш Битола не била толку раздвижена во недела наутро.

Трката се случи во истиот викенд во кој беше отварањето на Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки, правејќи меѓусебна промоција и кампања "Трчај бе во Битола, за да трчаш потоа на филмски проекции", при што секој учесник доби бесплатни билети за следење на филмскиот фестивал.


„Ова е амбициозен проект во кој влеговме ентузијастички. Она што радува е што буквално наидовме на отворени врати кај сите, добивме поддршка од неколку значајни македонски комапнии кои перпознаа идеја во која сакаат да инвестираат своја промоција и тим билдинг за своите вработени. Тоа значи дека целиот буџет е граден на спонзорства, што ја прави оваа манифестација самоодржлива. Логистички не подржаа и неколку јавни институции и бројни поединци нудејќи да се вклучат како волонтери." истакна Димитровски.

Трчај бе кампањата се водеше исклучително преку социјалните медиуми, инволвирајќи жители од Битола со цел да покаже дека "обичните" херои трчаат на Трчај бе. 

Во категорија 5к жени,  првото место го освои Миљана Ристиќ (19 мин 51 сек), воторото Виолета Ивановиќ и третото Марија Пеликон, сите три од Македонија. Во категоријата на 5к трка на мажи, Кристијан Стојани (16 мин 43 сек) беше прв а по него, Наум Танески и Григоријан Никовски од Македонија.


На трката 10К за жени, првото место и припадна на Теодора Симовиќ од Србија (34 мин 50 сек), додека од Македонија второто и третото го освоиа Адријана Поп Арсова и Билјана Кираџиева. Кај мажите на 10к трката првото место го освои Кокан Ајановски (33 мин 43 сек), второто Атанс Анчевски и третото Димитар Петровски, сите од Македонија

Некои од нив во Битола ги направија своите лични рекорди.

Доделени се и тимски награди, награда за највозрасниот учесник, а до крајот на неделата ќе се објави наградениот за најкреативен тарнсапрент и најдобра фотографија испратена од публиката.


За организаторот на Трчај бе, победници се сите кои се одважија и за прв пат ги истрчаа своите километри и со подигнати раце ја поминаа целта, со чувство на успех и лична радост кое само учесник на трка знае што значи.

Едно е сигурно, во 2020 Трчај бе ќе и се случи повторно на Битола.

Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV