„ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ АЛАТКА ЗА КОМПАРАТИВНА СПОРЕДБА“: предлог за полесна споредба на цените во маркетите
Објавено во: Македонија 29 Април, 2025 12:49
Со алатка за компаративна споредба на цените на производите кои трговците сега имаат обврска да ги објавуваат на вебстраниците ќе се постигне подобар ефект од новите законски одредби.
Од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) предлага да се направи алатка за компаративна споредба на цените на производите што како обврска, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи, трговците се должни да ги објавуваат на своите веб-страници.
- Во доменот на објавувањето на цените на веб-страниците на маркетите, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) нема поплаки.
Сметаме дека таа алатка која ја применуваат трговците треба да биде доста видлива и доста препознатливи да бидат производите зашто вака луѓето се бунат.
Некој што има намера да купи пет или шест производи треба во сите списоци на производи кои што ги објавуваат да ги бара баш тие производи и да оди онлајн од маркет во маркет за да може да ги најде.
Кога би имале компаративна и унифицирана алатка тоа може да се направи многу брзо - вели претседателката на ОПМ Маријана Лончар Велкова во одговор на прашање пред почетокот на експертскиот форум во рамки на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“.

Сега, како што посочи, алатката не е унифицирана и нема групи по видови на производи, туку секаде е различно решено.
- Сега луѓето немаат ни време, ни можност да проверуваат. Идејата е добра, но уште треба да се развива. Кај нас е проблем што идеите се даваат и потоа не се развиваат, бидејќи се мисли дека е готово.
Не е готово, само е почнато. Треба да се направи алатка за компаративна споредба на производите каде може да се купат поевтино и тоа е добро за конкуренцијата - изјави Лончар.
Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од 18 април годинава имаат обврска на своите официјални веб-страници да ги објавуваат цените по кои ги продаваат производите. Обврската е согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи, а Министерството за економија и труд изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало.
Како што е наведено во Правилникот, трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот. Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




